(ВИДЕО) Нурмагомедов по хаосот во Лас Вегас: Мекрегор ми ги вреѓаше родителите, нацијата, верата
Во Лас Вегас синоќа се случи еден од најголемиот спектакли во историјата на УФЦ, Хабиб Нурмагомедов ги одмери силите со Конор Мекгрегор.
Русинот славеше во битката со давење во четвртата рунда, но Нурмагомедов не се задоволи со победата.
Имено, откако заврши со Ирецот, тој скокна од кафезот и почна да се тепа со луѓе од таборот на Мекгрегор, по што настана голем хаос.
Поради ова, може да го загуби појасот, да добие суспензија, а може да остане и без визата за влез во САД.
Откако се смирија страстите, Хабиб Нурмагомедов, кој инаку е од Дагенстан, излезе на прес-конференција на која им се извини на Спортската комисија на Невада и на градот Лас Вегас, но не и на противникот.
„Не разбирам зошто луѓето зборуваат за тоа како сум скокнал од кафезот. Мекгрегор ја навредуваше мојата религија, го пцуеше мојот татко. Дојде во Бруклин и за малку ќе убиеше неколку луѓе, зошто никој не зборува за ова?“, праша Русинот.
Тој, исто така, се пофали и дека добил честитки од претседателот на Русија, Владимир Путин.
„Исто така, Мекгрегор се фалеше со слика од Путин, сакам да ве известам дека предмалку ми се јави рускиот претседател и ми кажа дека е горд на и ми честита за победата“.
Here’s what Khabib had to say about the incident. Kept it short and sweet, said Putin congratulated him, posed with the title and left. pic.twitter.com/cu4gLrlZA0
— Andreas Hale (@AndreasHale) October 7, 2018