(ВИДЕО) Косовците палат српски производи револтирани што не влегоа во Интерпол


На социјалните мрежи се појавија видеоснимки од револтирани косовски граѓани што Косово не стана членка на Интерпол. Поради тоа, во Качаник се организираше масовно палење на српски производи. Во огнот се најдоа негро-бонбони, чоколади, тоалетна хартија…

На снимката може да се види кутија со различни српски производи, меѓу кои чоколади и хигиенски производи како горат.

Според нивните зборови, ова се случило по апелот за бојкот на српските производи.

„По апелот да ги бојкотираме српските производи, некои жители на Качаник одлучија да ги запалат сите српски производи. Акцијата започна и сега е во тек“, стои во објавените видеа на албанскиот портал Albeu.com.