(Видео) Велковски како Зидан
Фудбалерите на Сараево го победија Вележ во Мостар во двобој од Купот на БиХ, а единствениот гол го постигна Крсте Велковски. Повремениот македонски репрезентативец погоди во 58 минута со волеј удар од 25 метри, потсетувајќи го на легендарниот гол на Зинедин Зидан во финалето од Лигата на шампиони против Баер Леверкузен.