Вардар со трета победа во ракометната Лига на шампиони
Ракометарите на Вардар остварија победа со 27:25 (13:11) на гостувањето против унгарски Веспрем во третото коло од Лигата на шампионите.
Вардар одигра добро прво полувреме, имаше и предност од пет гола, а на полувреме замина со два гола разлика, откако доживеа мал пад во играта.
Во второто полувреме домаќините заиграа подобро и го презедоа водството на десетина минути пред крајот (22:20). Сепак следеше серија од 3:0 за нашиот тим (22:23), а на две минути до крајот, Мораеш ја зголеми предноста на +2 (24:26) која „црвено-црните“ ја одржаа до крајот.
Борозан и Дибиров беа најефикасни кај Вардар со по пет гола, а Милосављев се истакна со 11 интервенции. Кај Вепсрем се истакна Гајиќ со четири гола.
По победата, екипата на Парондо останува на првото место на табелата со три победи од три натпревари, откако во претходните кола ги совлада Монпелје и Кристијанштад.
Во следното коло Вардар на домашен терен ќе се сретне со германски Рајн Некар Левен.