(Фотогалерија) Анима Мунди: Не купувајте, вдомете куче


Здружение за заштита на животните „Анима Мунди“ ги повикуваат лубителите на кучиња да не купуваат туку да ги вдомат  бездомните животни згрижени во “Вардариште”.

„Наближуваш и слушаш пискотници. Гледаш огромна депонија и кутренца си роварат низ неа гладни, болни.  Влегуваш ( ако те пуштат!). Неизбежен контакт со вработените. Прво одиш на распит зошто си дошол. Секој бокс со куче или мајка со мали. Шарковци, хаски, ретривери… Сите биле мали и слатки некогаш. Некои биле поклон за роденден, Божиќ, други па за децата да си играат. Завршила таа епизода, не им е тој филмот веќе, ајт на улица.
И еден куп други недефинирани раси, од сите бои и големини али сите носат душа. Само не ситна колку вашата! Да се разбереме! Некои рипаат параноично, се бесат на кафезите, цвичат, лаат, некои бесно гневно лаење, други плачат, трето од таму завива. Цел еден оркестар од убитачно болни крици. Ги укопале ноктите меѓу решетките, да можат ќе ги откорнат вратичките. И со поглед те пратат дури ги одминуваш покрај кафезите. А шинтерот ти дише во врат да се фокусираш на тоа што го бараш и да фаќаш магла. Луѓе, тие животни таму се осудени на смрт. Не знам дали сте свесни за тоа??? Зошто не одете да вдомите некое? Особено тие што се спремни да платат за миленик!“, стои на страната на  здружението кое приложува галерија фотографии од Вардариште..