Американската и руската амбасада во Загреб се скараа за фудбал


Пласманот на хрватската фудбалска репрезентација во четврфиналето од Светското првенство, каде што за противник ја чека Русија, предизвика препирка меѓу американската и руската амбасада во Загреб.

„Претпоставувам сите знаете за кого ќе навивам“, напиша на „твитер“, американскиот амбасадор Роберт Кохорст, илустрирајќи го статусот со знамињата на Хрватска и на Русија.

По кратко вреем, стигна одговор. Руската амбасада на својот „твитер“ го објави статусот на Кохорст и дополни: „Знаеме, туку дали сега ќе и го платите на Хрватска ЛНГ терминалот (течен природен гас), ќе помогнете во ‘случајот Агрокор’ и дали ќе ги укинете визите за хрватските граѓани?“

Натпреварот меѓу Хрватска и Русија е на распоред во сабота од 20 часот.