Алонсо се повлекува од Формула 1, немал доволно возбуда
Двократниот светски шампион Фернандо Алонсо изјави дека одлуката за повлекувањето од Формула 1 не ја донел заради лошите резултати во изминатиот период, туку заради недостигот на возбуда за време на трките.
Возачот на Мекларен пред неколку дена соопшти дека следната сезона нема повеќе да се натпреварува во Формула 1, но воедно не ја отфрли можноста доколку се сменат условите да се врати на патеката.
– Возбудата на патеката не е онаква каква што беше кога започнав во Формула 1 или каква што ја искусив во текот на неколку минати сезони. Одлучив да се повлечам бидејќи акција на патеката по мое мислење е исклучително сиромашна. Во моментов во Формула 1 најмногу се говори за случувањата надвор од патеката, а тоа е лош знак. Сметам дека некои други натпреварувања пружаат повеќе акција, возбуда и задоволство, а тоа е она што јас го барам, истакна Алонсо.
Тој нагласи дека и реалната шанса следната сезона да дојде до трета шампионска титула не го поколебала во одлуката.
Алонсо оваа година паралелно се натпреварува и во Светскиот шампионат во трките на издржливост, каде победи на трката „24 часа Ле Ман“.