Ѓорѓи Галетановски нов директор на Зоолошка градина


Ѓорѓи Галетановски е новиот директор на Зоолошката градина. Тој е поранешен менаџер на дискотеки, а веќе неколку месеци работи во Зоолошката градина.

Галетановски по наименувањето најави дека градината годинава ќе биде збогатена со нови животни. Во август ќе дојдат слоновите од Белгија, за беше направено ново живеалиште, а во септември ќе дојдат и шимпанза и некои други животни.

Новиот директор, кој доаѓа на местото на Јорданчо Милошевски, вели дека ќе се посвети на подигнувањето на рејтингот на институцијата, за посетителите максимално да уживаат.