Хрватска ќе увезе 63.600 странски работници
Хрватска првпат ќе увезе и 200 постојани медицински сестри или техничари, но сепак најмногу недостасуваат работници во градежниот и туристичкиот сектор.
Извршниот директор на хотелите „Јадранка“, Рикардо, Хески изјави дека овие хотели ставаат акцент на интернет едукација на работниците со што ги стимулираат да дојдат кај нив и да гледаат на долгорочна соработка што е во интерес на двете страни.
– Освен што настојуваме да им обезбедиме најквалитетни услови на нашите работници, настојуваме да им обезбедиме и дополнителни бенефиции и ги наградуваме за верност, изјави Хески за ХРТ и додаде дека има најмногу работници од Славонија, а од странците од БиХ, Србија и Македонија.
Претставникот на хрватската Управа за пазар на труд и вработување Даворко Бишкулиќ – Лемиќ изјави дека квотата за вработување странци во 2019 година е значително поголема од минатата година, но соодветствува со реалните потреби на пазарот за труд.
– Хрватска во Заводот за вработување има 147 илјади невработени и целта ни е да ја активираме и домашната работна сила, нагласи Бушкулиќ – Лемиќ.