Хороскоп за цела недела – 15.12 до 22.12
ОВЕН:
Работа: Oваа недела имавте многу изненадувања и нагли измени во дневната рутина. Од понеделник ве очекуваат нови проекти поврзани со странци, нови информации и должности.
Љубов: Сѐ што ќе сакате е да ја обновите својата врска во таен амбиент и ќе има шанси за тоа. Со Младата Месечина на 18 овој месец би можеле да имате љубовни средби, особено ако патувате.
Здравје: Викендов ќе размислувате само за тоа како да ја обновите својата сила и како да одморите бидејќи имавте бурна недела. Обрнете внимание на репродуктивните органи.
БИК:
Работа: Дојдовте до заклучок дека некои работни навики треба да се напуштат во име на нови и подобри. Дневната рутина е веќе утврдена и со леснотија почнувате нови проекти.
Љубов: Овој сектор од вашиот живот бара разговори и нов пристап кон неразрешените односи. Доколку е потребно, разговарајте со своите пријатели за да дојдете до подобри увиди. Тајни.
Здравје: Имате потреба да го минувате времето во својот дом, каде што ќе ја обновите својата сила. Почнатите прегледи и анализи ќе укажат дали и што треба да менувате.
БЛИЗНАЦИ:
Работа: Имавте многу средби и динамична недела и веќе се навикнавте на тоа. Привршувате еден проект и со поддршката од Марс ќе имате сила да почнете нов.
Љубов: Партнерското поле е многу активно и се среќавате со многу потенцијални партнери, но и потреба за расчистување на минатонеделните недоразбирања. Нови средби од понеделник.
Здравје: Викендов ви е потребен одмор, а за кој ќе најдете време. Јупитер, но и Марс во своето седиште, ќе ви дадат огромна поддршка за да си ја обновите физичката сила и да здивнете.
РАК:
Работа: Најмногу сте засегнати со својата финансиска состојба и разговарате со претпоставените околу тоа. Нови поволни информации и должности од понеделник натаму.
Љубов: Еден дел од вашата приказна завршува, но вие сте и повеќе подготвени како да ја обновите или и дадете нова димензија на истата. За слободните меѓу вас, нови страсни средби.
Здравје: Некои од вас ќе треба да појдат на гинеколог, некои на ортопед, а некои само да ги земат заостанатите анализи и да почнат нови прегледи. Добра физичка кондиција.
ЛАВ:
Работа: Имате силна потреба да се остварите себе и своите креативни потенцијали, па речиси нема да постои пречка кон вашата цел. Ќе најдете сила и мотивација да завршите сѐ.
Љубов: Ова е поле каде што не можете да се пожалите и дефинитивно имате голема поддршка од вашите љубовни партнери, но и деца. Младата Месечина на 18 ги буди вашите емоции.
Здравје: Со транзитот на Сатурн во јарец, ќе треба посериозно да обрнете внимание на своето здравје, чувствителните точки и на препораките кои ви се дадени од страна на специјалистите.
ДЕВИЦА:
Работа: Се соочувате со силна фреквенција и движење во обидот да ги постигнете своите цели. Нешто од тоа веќе привршувате, а дел од работата ќе ја извршувате од дома.
Љубов: Дефинитивно влегувате во една позрела фаза со транзитот на Сатурн во јарец, на 19 месецов. Многу односи сѐ уште се илузорни, па ќе ви е потребна искрена комуникација со саканите.
Здравје: Чувствителни на емотивниот тон околу себе, внимавајте на можните проблеми со стомакот, а доколку е потребно, најдете време за прегледи и посета на специјалист.
ВАГА:
Работа: Доколку се бавите со некаква креативна уметност, ова ќе биде поволен период за Вас. Внимавајте на приходите и расходите оваа недела. Можност за нови договори.
Љубов: Партнерското поле е сѐ уште нестабилно и можеби размислувате за две потенцијални личности. Можни романтични средби во непосредната околина, т.е. соседството.
Здравје: Ќе треба да внимавате со што се храните и каков вид на храна купувате. Дали е таа соодветна за вашата конституција? Не се обидувајте да си играте сам сопствен доктор.
СКОРПИЈА:
Работа: Дел од проектите веќе ги привршувате и ќе се грижите за финансискиот фидбек, кој треба да стигне на време. Сепак, можни се изненадувања или две работни места.
Љубов: Со поддршка од Вашиот владетел, Марс, вашиот шарм е неодолив, па ќе сакате да се потврдите на ова поле откривајќи дел од своите страсни намери. Ќе ја погодите целта.
Здравје: Иако планетите укажуваат дека сте во добра здравствена состојба, сепак добро е да внимавате на ненадејни случки и можни главоболки. Проверете го видот, но и забите.
СТРЕЛЕЦ:
Работа: Со веќе стабилен работен ритам и поддршка од колешките и претпоставените, ги доработувате сугерираните детали. Ве очекуваат нови одговорности околу финансиите.
Љубов: Сѐ се врти околу вас и самите сте вљубени на големо во животот и љубовта, па и покрај некои неизвесности, Младата Месечина на 18 месецов ги буди вашите романтични апетити.
Здравје: Во глобала имате добра кондиција и здравје, но секојдневните промени и информации може да доведат до анксиозност. Доколку седите често, најдете време да се размрдате.
ЈАРЕЦ:
Работа: Некои амбициозни планови се веќе завршени, а тоа ви дава сила да размислувате и планирате нови. Транзитот на Сатурн во вашиот знак ќе го направи токму тоа.
Љубов: Повеќе сте завртени кон ненадејните домашни потреби, а емоциите ви се во последен план. Сепак, љубов ќе има, но не кога ќе се прашате вие. Медитирајте за својата романса.
Здравје: Ќе треба да обрнете внимание на денталното здравје, да ги намалите цигарите, како и да најдете соодветно време за одмор. Само така ќе си ја повратите силата. Без алкохол.
ВОДОЛИЈА:
Работа: Викендов ги привршувате почнатите проекти каде што се вложивте многу. Транзитиниот Марс ќе ве поддржи да се наметнете одново и покажете колку сакате да успеете.
Љубов: Толку многу сакате де се остварите на овој план, а потенцијалните партнери ќе ги барате меѓу колегите или пријателите. Повторни средби и разговори со помлади личности.
Здравје: Доколку некоја терапија до сега не ви одговарала крајно време е да побарате совет што треба понатаму да се направи. Внимавајте што внесувате во уста, од храна до лекови.
РИБИ:
Работа: Професионалното поле е нагласено и доаѓате во прв план за своите интуитивни увиди. Нови информации и поддршка од страна на авторитетите. Сега имате силна волја и дух.
Љубов: Романсата е можна дури и на работното место, каде што ќе се среќавате со многу нови личности, од кои дел од нив ќе бидат помлади од вас. По 18 месецов нови информации и случки.
Здравје: Преголемиот престој и случувања на професионалното поле ќе бараат од вас соодветна исхрана, во вистинското време. Појдете до доктор да ги елиминирате своите фобии.
Пишува: Ирена Танчева