(Фото) Ќе се продава облеката дизајнирана од Боб Меки


Англија– Облека дизајнирана од Боб Меки, која ја носеле Шер, Керол Барнет, Дијана Рос и други познати личности ќе се продаваат на аукција.

Меки, деветократниот добитник на наградата „Еми“, ја дизајнираше гардеробата за „Шоуто на Керол Барнет”, а и со децении создава неверојатни костими за Шер.

Продажбата вклучува златно-жолт комбинезон што го носела Шер на „Час на комедија на Сони и Шер” и црвен сатенски фустан од шоуто „Шер”. Исто така, на продажба се и фустани носени од Лорен Бакол, Ракел Велч и други познати личности.

Мекки вели дека кога дизајнира за ѕвезди, „тој секогаш се обидува да го подобри имиџот кои веќе тие го имаат“.

„Не се обидувате да менувате никого, туку само обидувајте се да направите да изгледаат подобро од било кога”, изјави тој.

Меки сѐ уште соработува со Шер, 51 година откако првпат се сретнале. Тој вели дека „дури и кога била најразголена, таа никогаш не изгледала вулгарно”.

79-годишниот американски дизајнер вели дека не му пречи да се ослободи од некои од неговите креации.

„Тие не можат да ги фрлат во мојот ковчег кога ќе умрам“, рече тој. „Што ќе правам со сите овие работи? Зошто луѓето едноставно да не уживаат во нив?”


Меки и колекцијата ќе запловат од Британија до Њујорк на бродот „Кралицата Мери 2“, во недела. Аукциите ќе се одржат на 17 ноември во Лос Анџелес, како и онлајн.