(ФОТО) Најубавата плажа во Хрватска го смени изгледот по силното невреме
По силното невреме што ја зафатија Далмација и ги прекинаа сообраќајните врски со островите, познатата хрватска плажа „Златни рат“ на јужниот брег на островот Брач повторно го смени својот изглед, пишува „Јутарњи.хр“.
Силниот ветер и активноста на морските струи го свртеле врвот на „Златни Рат“ кон запад, а плажата таквиот изглед ќе го задржи сѐ додека струјата и ветерот повторно не го израмнат или ветерот што се спушта од планините не го сврти кон градот Бол.
Хрватскиот весник наведува дека „Златни рат“ е заштитен природен пејзаж и посебен геоморфолошки феномен односно дека неговите песочни страни се долги околу 400 метри, а во средината се наоѓа густа борова шума.