Уште првиот ден „заглави“ автобусот од кампањата против Брегзит


Автобусот, кој во рамки на кампањата против Брегзит, денеска ја почна осумдневната турнеја по Велика Британија, уште првиот ден „заглави“ во споредна улица во Лондон.

Заговорниците за останување на Велика Британија во ЕУ појдоа денеска од пред зградата на британскиот Парламент на турнеја со голем, црвен автобус, како симбол на противење на планираното излегување на земјата од Унијата.

Но автобусот со натпис „Брегзит ќе чини две милијарди фунти неделно“ се соочи со проблеми уште на почетокот, заглавувајќи во обид да се спишти по мала улица во централната Вестминистерска четврт.

Според предвиденото, автобусот треба да помине 33 локации во земјата.