Серија преговори меѓу Македонија и Грција


Делегации од  министерствата за надворешни работи на Македонија и на Грција одржаа средба  во рамките на преговорите за градење мерки на доверба меѓу двте земји.

“Атмосферата беше конструктивна” , изјавија од МНР по средбата. Притоа, договорена е соработка  во разни области, вклучително и во земјоделството, образованието, здравството, заштитата на населението и други.Следниот круг преговори ќе се одржи во Атина.

Во меѓувреме Грција ја поздрави изјавата на македонскиот премиер дека неговата земја работи на изнаоѓање на решение името. Атина ја опиша подготвеноста на Зоран Заев за усвојување на географска дефиниција за името како “позитивен чекор”.

Меѓу имињата што се разгледуваат се Република Нова Македонија, Република Северна Македонија, Република Горна Македонија, Република Вардарска Македонија и Република Македонија (Скопје).Но, голем дел од грчкото општество не е подготвено за компромис . Во средата, грчката црква одржа вонреден состанок на кој се разговараше за спорот околу името.

Заев објави пред новинарите дека аеродромот “Александар Велики” ќе биде преименуван на Меѓународен аеродром “Скопје”, а главниот  автопат до Грција ќе биде наречен “Пријателство”.

ОД Атина возвратија со поздравување на потегот, а грчкиот министер Никос Коѕиас, велат, веќе ги пакува куферите да слета со грчки авион на скопскиот аеродром кој повеќе не го носи името Александар Велики.

Премиерот Зоран Заев деновиве на брифинг со уредници посочи дека очекува почести средби, побара внимателност за процесот и најави дека посакува до март да се реши проблемот, бидејќи за  дел од прашањата се имало решение, а ако на крајот заглави процесот, тука се тешкашите на дипломатијата од кои очекува да ја урнат и последната бариера за Македонија кон ЕУ и НАТО.