Сараево: Повлечени кинески играчки кои се хемиски ризични
Шест видови производи се повлечени од пазарот во Босна и Херцеговина изминатиот месец, за кои е утврдено дека нивното користење е ризично. Од нив, пет се наменети за деца.
Според Агенцијата за надзор на пазарот во БиХ, повлечени се четири модели играчки увезени од Кина, за кои е утврдено дека се хемиски ризични, бидејќи содржат отровен фталат, пишува „Независне новине“.
Станува збор за пластична играчка на дување „Пони“, играчка „Пони“, пластична кукла и кукла „Софија“.
Исто така, откриено е дека бебешка играчка увезена од Турција содржи фталат, што не е во согласност со Одлуката за ограничување на пазарот на играчки и производи за деца кои содржат фталати.
Надлежните комисии наредија сите овие производи да се повлечат од пазарот и да ги уништат. Притоа ги советуваат оние што ги купиле да престанат да ги користат