Пријавете ѓубре во Центар преку смс или вибер
Под мотото „Чист Центар е наш заеднички сон. Со цел да да го оствариме мораме да работиме сите заедно“, Општина Центар започнува кампања за ставање крај на комуналните проблеми на нејзино подрачје. Во оваа кампања токму жителите ќе го имаат клучниот придонес за чистење на Центар, посочуваат од Општината.
Ги повикуваат граѓаните да пријавуваат ѓубре, диви депонии или друг комунален проблем преку смс порака или на вибер на телефон 076-313-387.
„Во четврток, 22 февруари ќе се собира кабастиот отпад во Капиштец. Се повикуваат жителите од 8 до 13 часот да ги изнесат старите апарати за домаќинство и мебелот пред влезовите на зградите“, повикуваат од Општината.