Потпретседателот на српскиот парламент тешко повреден во сообраќајка


Потпретседателот на српскиот Парламент од редовите на Социјалистичката партија Ѓорѓе Миличевиќ утрово е тешко повреден во сообраќајна несреќа, која се случила на патот Словац – Уб.

Од засега неутврдени причини, автомобилот со кој управувал возачот на Миличевиќ излетал од патот и удрил во ограда. Во несреќата е тешко повреден и возачот.

Српските медиуми наведуваат дека Милиќевиќ бил итно опериран во родното Ваљево, а операцијата траела речиси пет часа поради сериозни повреди на внатрешните органи и обилно внатрешно крварење.