Папа Франциск: Новиот Договор на ОН да се насочи кон солидарност со мигрантите

Папата Франциско изрази надеж дека новиот Глобален договор на Обединетите нации за миграцијата ќе се насочи кон солидарност со мигрантите.

Пред верниците на плоштадот „Свети Петар“, Папата рече дека необврзувачкиот Договор служи како појдовна точка за меѓународната заедница, која, се надева, ќе реагира „одговорно, солидарно и со сочувство кон оние кои поради различни причини ги напуштиле своите земји”.

Глобалниот договор за миграција на ОН беше официјално одобрен овој месец на меѓународна конференција во Маракеш, Мароко, на која околу 85 отсто од земјите членки на организацијата го поддржаа.

Против него се САД и некои земји на ЕУ, како што е Унгарија, чија влада спроведува антигрантска политика.