Одредени термините за четврт-финалето во ракометната ЛШ
Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди термините и саатниците за четврт-финалните натпревари од Лигата на шампионите.
Екипата на Вардар се среќава со тимот на Митјиланд од Данска. Првиот го играат на гостински терен на 6 април (петок) во 19 часот. Реваншот е на 14 април (сабота) во 17 часот во СЦ „Јане Сандански“.
Победниците од четврт-финалните дуели ќе се пласираат на Ф4 турнирот во Будимпешта во мај.
Во четврт-финалните средби се среќаваат:
Митјиланд – Вардар
ЧСМ Букурешт – Мец
ФТЦ – Ростов
Будуќност – Ѓер.