Нови членови во органите на управување на Стопанската комора на Македонија

Во насока на реализација на програмските цели и задачи на Стопанската комора на Македонија за поефикасно извршување на активностите за унапредување на пазарното стопанство, претприемништвото и поттикнување на конкурентноста кај компаниите – членки, Комората го продолжува процесот на континуирано унапредување на своето работење.

Во таа насока, како што информираат од Стопанска комора на Македонија, во органите на Комората се приклучуваат менаџери и стопанственици кои со своите професионални квалификации, стручноста, деловното искуство и ентузијазам, ќе придонесат за постигнување на овие цели – Антонио Аргир, претседател на Управниот одбор на „НЛБ Банка“ АД – Скопје, како нов потпретседател на Стопанската комора на Македонија, како и Сашко Самарџиоски, генерален директор на „Прилепска Пиварница“, Гоце Вангеловски, генерален директор на „Кроација осигурување – Друштво за неживотно осигурување“, Катерина Бошевска, генерален директор на „ЕОС Матрикс“ и Нина Ангеловска, основач и директор на „Групер“, како нови членови на Управниот одбор на Комората.

Со нивното именување во органите на Комората, Стопанската комора на Македонија го потврдува своето позиционирање како најголема и најзначајна бизнис асоцијација во државата, насочена кон процесите на извозната диверзификација, модерната реиндустријализација, дигитална трансформација и унапредување на иновативноста, како процеси кои сметаме дека треба да го поведат економскиот раст на земјава, информираат од Стопанската комора на Македонија.