На ФинХакатон ќе се изработуваат иновативни софтвери и видеоигри


Министерството за финансии ќе организира ФинХакатон, натпревар на со траење од 48 часа, на кој млади, креативни и иновативни луѓе ќе изработуваат демо иновативни софтверски и мултимедијални решенија. Тие ќе креираат веб-апликација, видео и видеоигра, како алатки кои ќе треба да ги доближат јавните финансии до граѓаните. Самиот процес е замислено, покрај креативноста, да го поттикне и претприемничкото размислување кај младите.

На настанот може да се пријави секој што има пасија да работи на овие проекти, користејќи отворени податоци. Во секој тим се потребни членови со предзнаења во делот на развој на веб-апликации, дизајн, хардвер, софтвер, економија, бизнис и маркетинг, мулитмедија.

Натпреварот ќе се одржи од 6 до 8 јули, во просториите на  Министерството за финансии, а пријавувањето ќе биде до 30 јуни на http://hackaton.finance.gov.mk/

„МФ во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој ќе овозможи искористување на наградниот фонд од 1,5 милиони денари во акцелерирање и поддршка за реализација и финализација на победничките решенија по завршувањето на ФинХакатонот. Победниците ќе имаат можност да основаат сопствена стартап компанија. Менторите ќе им помогнат на учесниците во реализацијата на нивните идеи“, наведуваат од Министерството