Мистура: Битката за Гута би можела да биде како битката за Алепо


Битката за сириската енклава под опсада Источна Гута би можела да прерасне во повоторено сценарио на битката за Алепо, предупреди денеска специјалниот пратеник на ОН за Сирија, Стафан де Мистура.

– Постои опасност да стане второ Алепо, а ние, се надевам, ја научивме лекцијата од тој судир, изјави Мистура.

Источна Гута е предградие на Дамаск под контрола на сириските бунтовници, чиј реон е опколен од владините сили.

Претходно, невладината организација со седиште во Лондон, Сирискиот центар за мониторинг на човековите права, соопшти дека во воздушните и артилериските напади на владините сили врз Источна Гута, замо за едно деноноќиеа биле убиени 98 лица, меѓу кои 20 деца и 15 жени.

Инаку, битката за Алепо траеше од 2012 до 2016 година, во текот на која загинаа 31.112 лица, вклучувајќи и голем број цивили