Мак-фудбал: Вардар ремизира кај Беласица, Работнички поразен од Академија Пандев
Екипата на Вардар не успеа да победи на гостувањето кај Беласица, откако двата тима одиграа без голови во Струмица во меч од 22. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ).
Беласица имаше неколку добри шанси во првиот дел преку Балдовалиев и Ѓоргиев, но не успеа да реализира. Вардарци на почетокот на второто полувреме ја имаа најдобрата шанса, но домашните ја сочуваа сопствената мрежа со „вадење“ топка од самата гол линија. Вардар во наредното коло ќе му биде домаќин на Шкупи, додека Беласица гостува кај Македонија Ѓорче Петров.
Академија Пандев, пак, со головите на Дориев од пенал (45 минута) и на Миловановиќ во судиското надополнување славеше против Работнички во Скопје. За „романтичарите“ убав гол постигна Кабрал во 95 минута за конечни 1:2.
По триумфот, „пандевци“ се израмнија со вториот Вардар на табелата и до крајот ќе има водат битка за местата кои водат во Европа.
Шкупи ја порази Шкендија со 1:0. Стрелец на единствениот гол на Чаир беше Муарем Бајрами во 30. минута од пенал.
Резултати од 22 коло во ПМФЛ: Шкупи – Шкендија 1:0, Беласица – Вардар 0:0, Ренова – Македонија Ѓ.П. 0:0, Работнички – Академија Пандев 1:2, Силекс – Победа 1:0.
Табела: Шкендија 47 бода, Вардар 39, Академија Пандев 39, Шкупи 33, Работнички 31, Ренова 27, Силекс 24, Македонија Ѓ.П. 23, Беласица 19, Победа 18.
Идно коло (16 март, 14.30 ч.): Шкендија – Работнички, Вардар – Шкупи, Академија Пандев – Силекс, Победа – Ренова, Македонија Ѓорче Петров – Беласица