Коѕиас повторно во Скопје до почетокот на март


Шефот на грчката диломатија Никос Коѕиас повторно доаѓа во Скопје, но не неделава, како што најавуваат грчките медиуми, туку до крајот на овој месец или почетокот на март, за МИА информираат од македонското МНР.

Како причина за пролонгирањето на посетата на Скопје се наведуваат згуснатите и веќе претходно договорени агенди на двајцата министри, Никола Димитров и Никос Коѕијас.

Грчкиот министер за надворешни работи во интервју за ЕРТ најави дека очекува следната посета да ја направи преку преиуменуваниот аеродром во Скопје, што од минатата недела и официјално се нарекува „Меѓународен аеородром Скопје“.