ДИК: 53.972 граѓани извршиле увид во избирачкиот список

Во четвртокот до полноќ траеше увидот во избирачкиот список, по повод претседателските избори, и предвремените избори за градоначалници на Охрид, Ново Село и Дебар. Проверка на избирачкиот список извршиле 53.972 граѓани, а за 517 е донесено решение за запишување во Избирачкиот список, а за 412 е донесено решение за бришење. Промена на податоците на Списокот е направена за 129 лица.

ДИК само еден граѓанин со поништено живеалиште направил увид во Списокот.

Јавниот увид на избирачкиот список се спроведуваше од 23 февруари до 14 март. Се реализираше во подрачните одделенија и канцеларии на ДИК и во 46 дополнителни канцеларии сместени во единиците на локалната самоуправа.