Вучиќ: Нема за што да разговарам со претставници од Приштина
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека нема за што да разговара со претставниците од Приштина, со оглед на тоа дека тие секојдневно преземаат мерки против српскиот народ.
Во изјавата за РТС Вучиќ рече дека од Приштина постојано слуша оти решението за косовското прашање е на хоризонтот и дека ќе биде потпишано тука или таму, но дека не знае како некој си замислувал дека нешто ќе биде потпишано во Вашингтон и не знае што е тоа ќе биде потпишано.
– За нас е важно да ја задржиме нашата позиција цврсто, да бараме компромис, да ја разбереме реалноста во Косово и да имаме цврст, стабилен и јасен став дека ќе го заштитиме нашиот народ, дека не може да биде протеран. Тоа е најголемата гаранција за српскиот народ дека ќе остане на своите огништа, рече Вучиќ.
Тој уште истакна дека државата ќе помогне на српскиот народ во Косово кој е засегнат од трговските мерки на Приштина.
– Ќе победиме, нашите луѓе на Косово ќе преживеат, народот нема да биде гладен, ќе исплаќаме плати и ќе успееме да ги снабдиме со стоки, потенцираше Вучиќ