(ВИДЕО) Телевизорот низ прозорец: Вака реагираа Аргентинците по поразот од Франција
Поразот од Франција беше сериозен удар за аргентинскиот фудбал, но од испаѓањето од Светското првенство посебно беше погоден еден навивач од Кордоба, кој го фрли телевизорот од прозорецот по натпреварот. Аргентина беше поразена од Франција со 4:3.
Инаку француската репрезентација е првата која се пласираше во четврт-финалето на Светското првенство во Русија откако ја порази Аргентина во неизвесен меч со 4:3.
Најзаслужен за триумфот на „триколорите“ беше Килијан Мбапе кој постигна два гола и изнуди еден пенал. Покрај него за Французите погодија и Антоан Гризман од пенал и Бенџамин Павар.
Головите за Аргентина ги дадоа Анхел ди Мариа, Меркадо и Серхио Агуеро.