Венецуела: Мадуро ја затвори границата со Бразил


Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, нареди да се затвори границата со Бразил поради судирот околу меѓународната хуманитарна помош.
Левичарскиот лидер на телевизија рече дека размислува и за затворање на границата со Колумбија, за да ја спречи опозицијата да добие поддршката.
Тој демантира дека во земјата постои каква и да е криза и оценува дека испораката на помош ја оркестрира Америка.
Лидерот на опозицијата Хуан Гуаидо за тоа време предводи конвој кој тргна од главниот град, Каракас, до границата со Колумбија.
Инаку, на страната на Колумбија во текот на денот ќе биде одржан концерт за собирање пари за Венецуела, додека владата на Мадуро истовремено ќе одржи свој настан, наводно на само 300 метри одделеченост.
Хуан Гуаидо, претседателот на Народното собрание, се прогласи себеси за преоден претседател при антивладините протести минатиот месец, што го прифатија десетици нации, вклучително и САД и повеќето латиноамерикански земји.
Тој и неговите сојузници се надеваат дека ќе ја преземат хуманитарната помош во вид на храна и лекови, кои се собрани во соседен Бразил и Колумбија, пркосејќи му на претседателот Мадуро.