Вандал урнал споменик на Раде Кончар, па завршил во болница


Маж во Сплит, Хрватска, чие име не е објавено, во текот на ноќта го урнал споменикот на партизанскиот херој Раде Кончар.

Инцидентот се случил околу 4:35 часот, кога вандал го извадил споменикот од лежиште на херој од НОВ, Раде Кончар, во паркот Бачвице, потврди полицијата во Сплит.

При уривањето, бистата му паднала на нога на вандалот и го повредила. Тој во моментов е во болницата во Сплит, по што полицијата ќе спроведе истрага.