Босанка се обидела да побегне од сопствената свадба заедно со подароците во плик
Во гратчето Градачац во Босна и Херцеговина од вчера топ-тема е скандалот на свадбата на 23-годишниот локален жител Един Хусељиќ и Елда Мујчин.
Имено, младенците се скарале уште претходната вечер, но кулминацијата се случила утредента на сведбената прослава, пред 300 гости.
Поводот за расправијата биле подароците во плик. Според обичајот, додека невестата им делела кафе на гостите, тие за возврат ѝ ги давале ковертите со пари. Кога ги собрала сите пликови, таа му рекла на сопругот дека сите пари се за неа.
Младоженецот се налутил, нагласувајќи оти свадбената веселба била на негова сметка и оти подигнал кредит за уредување на нивниот заеднички дом. Невестата се обидела да побегне со парите, но не успеала во тоа. На крајот ја напуштила свадбата и се вратила во својот град.
– Мојот образ е чист. Млад сум и можам да продолжам со животот, жив сум, здрав. Сето ова ќе заврши со развод, изјави Един за „Дневни аваз“.