Бакојани: Нова демократија нема да гласа за Договорот од Преспа


Како што се одвиваа работите ќе биде многу тешко да има промена и Договорот да не дојде во Парламентот. Единствено што можам да кажам е дека ние нема да гласаме „за“, вели поранешната грчка министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, а сега пратеник во Нова демократија, во интервју за радио „Практорио ФМ“ за Договорот од Преспа.

– Кога доставивме иницијатива за гласање недоверба, јасно кажав да немаме сомнежи, штом владата продолжи кон потпишување на овој договор ќе постојат завршени работи. Веќе постојат, во смисла дека господинот Заев, и правилно од негова страна, ги презентира оние работи што ги доби, рече Бакојани.

Членови на најголемата грчка опозициска партија, но и претседателот, во изминатиот период, јавно го искажуваа нивното несогласување со решението меѓу Македонија и Грција и порачуваа дека Нова демократија нема да го поддржи Договорот од Преспа кога ќе дојде за ратификација во Парламентот, јави дописничката на МИА од Атина.