Американските домаќинства должат рекордни 13.15 трилиони долари


Американските домаќинства должат рекордни 13.15 трилиони долари.

Минатата година, само во последниот квартал, долгот пораснал за 193 милјарди долари.

Тоа е петта година по ред со раст на долгот, објави Вол стрит журнал.

Експертите сметаат дека и во 2018 ќе продолжи трендот на задолжување, но дека тоа не претставува проблем бидејќи паралелно расте и нето стандардот на домаќинствата.