Авион од Дубаи под карантин: На 100 патници им се слошило и имаат треска
Патнички авион од Дубаи што денеска слетал на аеродромот ЏФК во Њујорк бил ставен под карантин откако над 100 од вкупно 500 патници се пожалиле на висока температура и мачнина.
Се уште нема информации што може да е извор на масовното заболување на патниците. Според првичните информации, патниците што се заболени имаат треска, со температури до 38 степени.
Медиуми и патници во Њујорк јавуват дека голем број амбулантни возила се движат околу авионот. На аеродромот биле забележани и припадници на Секретаријатот за заштита на татковината – водечката служба за безбедност од надворешни закани во САД.
Досега само на неколкумина членови на екипажот им било дозволено да го напуштат леталото.