Авион на „Рајанер“ наместо во Бања Лука по грешка слетал во Задар?
Патниците на авионот на „Рајанер“, кои полетале од Меминген, Германија, за Бања Лука, биле непријатно изненадени кога слетале во Задар.
Според локалните медиуми, службениците на аеродромот во Бања Лука петнаесетина минути не знаеле каде е авионот на „Рајанер“.
На еден човек, кој ги чекал своите пријатели, му било речено дека авионот бил пренасочен за Задар поради маглата на „Лакташи“, објави Кликс.ба.
По неколку минути, еден од патниците се јавил на аеродромот во Германија и му било кажано дека авионот слетал во Задар поради дефект на леталото и дека аеродромот во Задар бил најблиску.
Сепак, според Кликс.ба, постои можност пилотот да се збунил.
На патниците им било кажано дека можат да користат такси-превоз до Бања Лука во вредност од 100 евра или да чекаат „Рајанер“ да организира автобуски превоз.