Џибони и Влатко Стефановски: Сѐ што ни треба е љубов


Хрватскиот кантавтор Џибони пак ќе биде ѕвездата на годинешното издание на фестивалот „Ол ју нид ис лав“(All you need is love) на 23 декември во ВИП Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, во организација на продукција „Авалон“. Преттходно, гитарската легенда Влатко Стефановски со својот бенд ќе има целовечерен настап на годинешното издание на фестивалот, а ќе настапи и како специјален гостин на неколку песни заедно со главната ѕвезда на фестивалот, хрватскиот кантавтор Џибони со кој соработуваше на неговите албуми во Хрватска.Вечерта свој настап ќе имаат и „Фанк Шуи“, ексклузивците на Авалон.

На денешниот прес во Скопје на кој беше најавен фестивалот, присуствуваше Влатко Стефановски, а Џибони ја поздрави публиката преку видео.

„Сè што ни треба е љубов и не е исклучена можноста да ја отсвириме со Џибони. Имав преку 70 концерти годинава. Сега се вратив од Австралија и сакам во Скопје најдобро што може да ја заокружам сезонава. Се радувам што ќе го видам Џибони, оти одамна се намаме видено. Возбуда е да се свири со него. Добро би било Скопје да се расположи и да заборавиме на секојдневните проблеми“, изјави на пресот  Стефановски.