Југ: Не е точна изјавата на Рускоска дека сакав да го убијам Заев
Обвинетиот Игор Југ, во својата реплика на вчерашната изјава на обвинителката Вилма Рускоска, дадена на крајот од завршните зборови во предметот „27 април“, денеска реагираше дека „не е точно тоа што го кажа обвинителката Рускоска дека сакав да го убијам Зоран Заев, и дека за тоа не треба храброст“.
-И самиот Заев, кога сведочеше, го прашав дали е сигурен дека јас сум сакал да го убијам, а тој рече дека тоа е само претпоставка, потенцира Југ.
Обвинетиот Вилијам Михајловски рече дека му е жал што не е тука присутна обвинителката Рускоска, но веројатно, рече тој, оправдано е отсутна ако останала до доцна во ноќта на “Златна бубамара”.
Михајловски пред судот кажа дека информацијата за роднинската врска меѓу браќата Михаил и Стефан Младеновски со обвинителот Коле Штерјов, ја дознал од Михаил.