Ја нападнал поранешната девојка пред Нова година, оти му раскинала пред еден месец


Неколку часа пред пречекот на Новата година, девојка од Скопје пријавила дека ја нападнал поранешниот дечко.

МВР информираше дека вчера во 18 часот Д.Ј.(32) од Скопје пријавила дека околу 15,20 часот пред угостителски објект на улица “Њу Делхиска” додека била со Т.Т.(35) биле физички нападнати од И.В.(40) од Скопје.

Девојката пријавила дека причината за физичкиот напад е тоа што пред еден месец Д.Ј. ја прекинала љубовната врска со сторителот. МВР презема мерки за расчистување на случајот.