Шест месеци по породувањето: Топ-моделот Катарина Ивановска во топ-форма


Македонскиот топ-модел со светска кариера Катарина Ивановска (29) се врати во топ-форма, само шест месеци по породувањето, по примерот на светските топ-модели. Во мај со партнерот Цобе станаа родители на синот Вања. Младите родители одлично се справуваат со новите обврски, а малиот Вања летово веќе уживаше на Охридското Езеро, планината Копаоник во Србија, островот Миконос во Грција, а последната во низа семејни прошетки им беше грчкиот остров Крит. Кики се релаксираше во бикини на плажа под ноемвриските зраци сонце. Нејзиното тело е комплетно вратено во форма, а заслужно за тоа, покрај добрите гени, се напорните тренинзи во фитнес центарот.

Страст периодов ѝ се бокс тренинзите, каде го дава и последниот атом енергија од себе, па не е воопшто чудно што изгледа беспрекорно.

Катарина иако прави пауза од пистите, активна е во кампањите за покренување на јавната свест на различни теми кои го мачат нашето општество.Неодамна ја видовме во кампањата на УНИЦЕФ, која го носи слоганот “Биди фер. За детство без пречки“. Исто така, дава своја поддршка на кампањата  “Имам право на чист воздух“ и ја промовира петицијата за забрана на паркирање на тротоарите.