Чизмите на Мишел Обама: Ова не смее да си го дозволи ниту една (прва) дама
САД- Светкавите чизми на експрвата дама на САД Мишел Обама за промоција на мемоарите „Becoming“ во центарот „Беркли“ во Бруклин, ја шокираше модната Америка. Домаќинка и беше, уште една модна дива, актерката Сара Џесика Паркер. Иако двете дами имале одличен муабет, сепак вниманието од разговорот постојано го одвлекувале чизмите на Мишел ко и и се гледале и под длабокиот шлиц на жолтиот фустан. И фустанот и чизмите се на „Баленсијага“ и чинат мало богатство.
Со младешки изглед на 54 години, експрвата дама на САД Мишел Обама ја освојува јавноста на промоциите и гостувањата на ТВ за новата книга мемоари. Уште првиот ден откако е пуштена во продажба е продадена во 750 000 примероци, што е еден од годинешните книжевни рекорди во САД.
Оваа бројка ја вклучува и претпродажбата на мемоарите во САД и во Канада. Издавачот одлучи да го зголеми тиражот од 1,8 на 2,6 милиони примероци.
Книгата на Обама е поделена во три дела „Becoming Me“, „Becoming Us“ и „Becoming More“, а во неа пишува за своето детство, студентските денови, расизмот, бракот со поранешниот претседател на САД, Барак Обама, за нивните ќерки и искуството во политиката.
Првата дама која осум години во мандатот на сопругот Барак Обама носеше елегантни и сериозни креации, сега, како адвокат и подалеку од Вашингтон избира модни комбинации што би ги носеле сите жени. Брендовите се познати и полупознати, исклучиво американски- како Акрис, Џонатан Симкаи, Карен Волкер…