Чеферин: Случајот „Милан“ покажа дека финансискиот фер-плеј функционира


Според претседателот на УЕФА, Александар Чеферин, ситуацијата со италијанскиот гигант Милан покажува дека финансискиот ферплеј навистина функционира.

Како што е познато, „росонерите“ првично беа повлечени од Лигата на Европа поради ова правило, но откако ги направија потребните промени, се вратија на турнирот.

„Причината за воведувањето на финансискиот фер-плеј беше да се обезбеди финансиска стабилност на европските клубови. Правилата помогнаа на многу тимови да ја подобрат својата финансиска стабилност, принудувајќи ги да не трошат повеќе од она што заработуваат. Резултатот беше несомнено подобрување на состојбата на европскиот фудбал. Сега е време да го преземеме следниот чекор, поради што од неодамна ги зацврстуваме уште повеќе правилата. Ова ја зголеми транспарентноста на клубовите кои треба да ги објавуваат своите финансиски информации, вклучувајќи ги и плаќањата на агентите“, изјави Чеферин во интервју за „Кориере дело спорт“.

Тој додаде дека трансферите ќе бидат потранспарентни и дека секој клуб ќе се оценува по истиот критериум.

„Убеден сум дека ова е нов чекор во вистинската насока за да се обезбеди финансиска стабилност во европскиот фудбал. Системот е независен и сметам дека сите треба да го цениме фактот дека случајот со Милан докажа дека финансискиот фер-плеј функционира“, изјави шефот на европската централа.