Хороскоп: Близнаците ги очекува успех, Рибите големо изненадување


ОВЕН: Мечтаете и ги гледате работите низ малку шаренолика призма – немојте да ја расфрлате својата сила со силни желби и нереални соништа. Месечината во Лав ве повикува на славење, но не претерувајте во ништо сега. Делириум.

БИК: Аспектите укажуваат на можна неволност да се видат работите низ реална перспектива – себични, материјалистички и недоверливи изливи. Можеби е добро да почекате и да дејствувате подоцна, откако ќе ги испитате своите мотиви.

БЛИЗНАЦИ: Постигнувате успех и задоволство во материјалните работи и богатство – сега не сте повеќе загрижени околу финансиската состојба и уживате во сигурноста на домот и блиските. Многу веројатно ќе дарувате некого викендов.

РАК: Сега ќе имате шанса да се реорганизирате и прегрупирате – слушајте ја својата интуиција и сè ќе биде во ред. Се обидувате да исправите некоја срамна ситуација или нечесен чин. Верност, трпение и несебичност. Здравје за болните.

ЛАВ: Се учите да го следите бавното темпо на настаните, минувајќи низ одредени промени. Обрнете внимание на непостојаните расположенија, како и на нагласениот идеализам без реална основа. Деструктивна романса и страст.

ДЕВИЦА: Ова е време кога ќе треба да смените некои непотребни навики и да откриете што е она што ве спречува да го постигнете саканото. Некој може да ви работи зад грб, но ќе ги избегнете неволите. Отстранете го непотребното сега.

ВАГА: Прекрасен период кога ќе завршите многу работи и ќе започнете нови – тешкотиите се разјаснуваат и се решаваат, а вие како пеперутка правите убава трансформација. Нови потфати и проекти во кои ќе внесете голема страст. Мир.

СКОРПИЈА: Месечината во Лав може да ви предизвика одреден дисбаланс и дисхармонија, особено во професионалната сфера. Бидете волни да направите неколку промени сега и со умереност и посветеност ќе се здобиете со правец.

СТРЕЛЕЦ: Чекате на своите проекти и сè се одвива бавно, но филозофски ќе заклучите дека сè е само тест. Работите се нешто поделени и во дисхармонија, па не можете да дојдете до јасност. Направете приоритети сега и следете ги!

ЈАРЕЦ: Сега сфаќате дека еден дел од вашиот живот завршува и иако можеби сè се чини темно и мрачно, сепак наскоро започнувате одново. Бидете подготвени за шанса која е прикриена како загуба и извлечете го најдоброто за себе. Резон!

ВОДОЛИЈА: Не дозволувајте им на надворешните влијанија да ви ги расипат можностите за стабилност и комфор. Сега е добро да се фокусирате на практичното и да ја разберете динамиката на вашата средина. Чувство за хумор.

РИБИ: Пред вас се појавуваат убави можности, за кои треба да сте храбри, искрени и ентузијасти. Започнување нов проект или инвенција која ќе ги придвижи работите напред. Бирајте добро што од сето тоа ќе е најдобро за вас.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]