Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес
ОВЕН: Сонцето и Меркур од Јарец ве советуваат да се воздржите малку: иако Марс ве поттикнува на акција и можеби сметате дека ова ќе биде денот кога ќе го постигнете науменото, месечината од Бик ќе ве врати повторно на таблата и ќе треба да нацртате нови планови.Чекорите по тенка линија под окото на јавноста.
БИК: После долги одрекувања и потешкотии, денешните аспекти во земјените знаци ги враќаат работите во нормала, местејќи ги работите како прекрасни восочни фигури. Што значи ова? Средби со повеќе авторитетни личности, кои ќе ви ја вратат самодовербата и ќе сакаат да инвестираат во креативните проекти.Слава.
БЛИЗНАЦИ: Можеби единствено вие ја разбирате целата мешаница и сакате да им помогнете на засегнатите страни да дојдат до заеднички корисно решение. Тука се работи за многу грди и остри зборови, но вашата логична природа ќе им помогне на блиските: обратете се на вредностите кои се поставени во минатото.
РАК: Полошо од ова не може да биде: сега е време да продолжите според оригиналните планови и да дојдете до помирни води. Месечината во Бик ќе ве донесе до значајни информации, а кои ќе ви помогнат да расчистите со минатото. Ова е важно време, во кое сите ќе покажат кој од што е направен.
ЛАВ: Разговори со зрела и објективна госпоѓа, која ви дава различни перпективи за животот: како отворен прозорец низ кој влегува убавината на светот. Сите елементи се тука, сѐ што треба е да ги презентирате! Имајте родителско разбирање за скриените мотиви на оние околу вас и ако треба, сокријте нешто.
ДЕВИЦА: Никој не избегал од судбината, па така нема ниту вие: можеби се чувствувате како да сте на лов во диви гуски и потребна ви е подобра припрема. Потпрете се на советите на помлада машка личност, која ќе ви помогне при извршувањето на наредбите. Брза разврска на предизвиците и новитети. Идеи.
ВАГА: Не е ништо чудно што се чувствувате осамено, притиснато или напуштено. Добро, понекогаш и треба да се повлечете, планетите од Јарец го нагласуваат тоа. Обрнете внимание повеќе на својот дом и најблиски и понудете им нешто убаво: подарок или оброк. Ќе увидите колку значат малите знаци на внимание.
СКОРПИЈА: Нема потреба да се лутите, времето за апатија завршува: Месечината во Бик гледа во вас како да е огледало. Искористете ги вешто информациите до кои ќе дојдете за да ја вратите својата благосостојба. Можеби ќе треба да се прошетате пред претпоставените како на модна писта – покажете се најдобро!
СТРЕЛЕЦ: За вас е ова по малку безволно време – не ви одговара бавното темпо. Колку и да сакате да ја пресечете неизвесноста со ладни и калкулирани чекори, квадратот меѓу Јупитер и Нептун ќе ве натера да ја земете во предвид пошироката слика. Имајте сочувство и толеранција, единствено така ќе успеете!
ЈАРЕЦ: Толку многу суви зборови, како мразулци забиени во снегот! Се чини дека луѓето околу вас не ја сваќаат комплексноста на ситуацијата и затоа има жртви. Ако треба, исконтактирајте ги директните учесници во маратонот и укажете им на пропустите во нивната трка. Не може да сите да се преправаат дека се чесни.
ВОДОЛИЈА: Сѐ е исто, ќе треба повторно да ги потврдите своите таленти пред луѓе со критичен став. Сепак, не плашете се пријатели, Венера од Стрелец ќе ве научи што е поволно да се каже, а што не. Така ќе загосподарите со ситуацијата и највероајтно ќе дојдете до нови договори. Внимавајте да не претерате во нешто.
РИБИ: Прекрасен ден за забава, лудување, дегустација на хранаа и евоцирање на спомени. Можна е средба со љубов од минатото, при што срцето повторно ќе ви затрепери. Не се знае тука кој кому дава повеќе: дали вие на љубените или тие вам? Избегнувајте секаков вид на тврдоглаво однесување и апатија потоа.
Ирена Танчева
АСТРОЛАБ