Хороскоп: Што велат ѕвездите за денес


ОВЕН: Постепено ја украсувате сликата, како декорации на новогодишната елка. Како да знаете дали сте успеале? Направете мал тест: ако она што е поставено врз вас, особено од страна на другите, ја дополнува сликата, тогаш е во ред. Но ако нешто ве боцка и е остро како игла, тогаш не е. Имате избор, бидете умни.

БИК: Она што вам не ви е јасно е тоа дека веќе сите знаат во каква ситуација живеете – долгото завивање ќе се чуе и ќе се сфати од страна на поприземните личности. Ќе дојдете до влијателна позиција користејќи ја својата практична природа. Имајте сензибилитет да знаете кога да се повлечете и ја реевалуаирате својата работа.

БЛИЗНАЦИ: Во вашиот живот постои приказна која што треба да ја сфатите – која е скриената мотивација да им се најдете во служба на другите? Како може да им помогнете да добијат подобро разбирање? Предизвик е да имате сталоженост и да им го дадете потребното знаење. Направете ги вистинските избори и бидете тивки.

РАК: Полека се појавувате од своето тајно место, како од некој камп во шумата. Имате идеи кои ветуваат и практичен пристап кон нивна реализација. Мудри и искусни, знаете каде да го инвестирате своето време и енергија, а тоа ве прави привлечен кандидат за многу работи. Бидете отворени за новите информации.

ЛАВ: Се чини дека полошо од ова не може да биде, како да нема излез од преобемната ситуација. Сфатете дека во вас лежи голема интелектуална и физичка сила, истресете ги ногавиците, отскокнете како дете и продолжете напред. Договарајте се отворено за она што може да мине, а што не. Избори.

ДЕВИЦА: Не сте сосема подготвени да полетате, но тоа не е проблем. Можеби сите околу вас инсистираат на тоа, но мудроста лежи во тоа да го погодите вистинското време. Месечината во Риби ќе ви помогне да продолжите кон помирен период и да им се посветите повеќе на саканите проекти и луѓе. Почекајте уште малку.

ВАГА: Да, навистина сте фер и играте според правилата, но некако како да не ви оди во прилог токму тоа. Размислувате да ја смените тактиката и да бидете подиректни и наметливи, но дали личи тоа на вас? Направете ја потребната комуникација денес и спремете се за утре. Поврзете ги вистинските луѓе и идеи.

СКОРПИЈА: Навистина сте саркастични и тоа кога најмалку се очекува од вас. Зарем не ве допира тоа што им го правите на блиските? Иако имате добри идеи и пред вас е креативен период, сепак не мора да им газите на луѓето на прсти за да дојдете до саканото. Така не си правите услуга и ќе патите и вие. Повлечете се. Одмор.

СТРЕЛЕЦ: Правите договори со тимот, но сега е добро да си ги држите картите блиску до себе – не мора сите да знаат кој е вашиот однос некое конкретно прашање. Повлечете се на кратко и истражувајте во своето минато, искуство и мудрост. Штом ќе добиете повик, дејствувајте со убедливост. Вашите идеи се креативни.

ЈАРЕЦ: Не можете ништо друго да сторите, освен да ја прифатите сегашната ситуација, без оглед колку е таа комплицирана и комплексна. Ќе се појави нова шанса и време, затоа почекајте. Така ќе ја соберете потребната резерва на енергија за понатамошно напредување. Условите се сè уште нејасни, но не се дефинитивни!

ВОДОЛИЈА: Освежени и инспирирани, радосно го продолжувате својот пат низ животот. Знаете дека може да се потпрете на себе и својот потенцијал, а барате и тим со кој што би ги споделиле своите необични идеи. Доколку се случи нешто неочекувано, не реагирајте веднаш. Утрешната перспектива ќе биде поинаква.

РИБИ: Оставете ја емоционалната дистанцираност на страна – нема потреба од шпекулации и итрини. Бидете безгрижни како дете и верувајте дека ги имате сите благослови на светот и ќе дојдете до нови откритија. Не обрнувајте преголемо внимание на нечии лути зборови, туку повлечете се на време. Мир.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]