Хороскоп: Предизвик за вагата, битка за јарецот


ОВЕН: Ако сметате дека постои блокада, погледнете подлабоко во себе и не барајте ја вината кај другите. Застанете и размислете и ќе увидите дека сепак имате нежна и доверлива врска. Ќе успеете да уживате во убавина и хармонија.

БИК: Денес би можеле да чуете вознемирувачки вести кои ќе ви помогнат да се дистанцирате од некоја деструктивна врска или договор. Потребна ви е отворена комуникација и не дозволувајте негативните емоции да ве повлечат.

БЛИЗНАЦИ: Не дозволувајте му на чувството на заглавеност да ви го диктира темпото на животот. Ако не можете да напредувате сега, ќе можете наскоро – бидете потрпеливи. Немојте да молчите, туку користете го резонот и интелектот

РАК: Ќе можете да живеете во мир со своето внатрешно дете откако ќе му дозволите да порасне – немојте да сте мал тиранин денес! Прашајте се зошто се лутите и кому и фокусирајте се на она што сè уште го имате. Гушнете се себеси.

ЛАВ: Денес ќе биде добро да сте пофлексибилни и отворени и на тој начин ќе ги смените застарените навики. Ќе ја повратите својата сила доколку не се чувствувате заплашено или беспомошно. На нов начин се грижите за себеси.

ДЕВИЦА: Вашиот пат ви укажа дека ви е потребна самодоверба – поработете на ова свесно. Сега ќе научите да ги гледате работите пореално и да одредите во која категорија припаѓаат, а тоа е материјалната сфера. Не губете интерес денес.

ВАГА: Пред вас се појавува неочекуван предизвик, а со кој нема да се соочите во својата полна сила. Воздржете се малку и не откривајте сè што размислувате и избегнувајте воајеризам, бркање вештерки или кодошење. Имајте резон.

СКОРПИЈА: Неколку аспекти укажуваат на слабост при соочување со тешкотиите и проблемите. Внимавајте да не се истурите некому во погрешно време и зборови. Бидете спремни и обидете се да се одбраните себеси. Разум!

СТРЕЛЕЦ: Денес е добро да внимавате на тенденцијата кон преголемо трошење и расфрлање на своето богатство на непотребни луксузи. Избегнувајте ја својата коцкарска природа за да не западнете во семејни проблеми. Пораснете малку!

ЈАРЕЦ: Среде збревтаната ситуација, наоѓате време да се повлечете и да размислите за сè повторно. Се подготвувате за финалната битка со голема организација. Со силна одлучност зацртувате линија и играте на сè или ништо.

ВОДОЛИЈА: Се однесувате како да е дојдена зима – со ретроградниот Марс во вашиот знак ќе треба да поработите на застарените навики и да ги смените. Отфрлете го непотребното и нова енергија ќе влезе во вашиот живот. Суетни сте

РИБИ: Немојте да се нервирате доколку не сте ги забележале сите детали на претходно донесените одлуки – не ѝ дозволувајте на конфузијата да ве направи немоќни и неподвижни. Фокусирајте се и ослободете се од незгодните врски.

Ирена Танчева

АСТРОЛАБ

[email protected]