Фото-албум од Индија: Сексапилната Бијонсе
Индија– Поп-ѕвездата Бијонсе (37) се пофали со нови фотографии од свадбата на ќерката на најбогатиот Индиец во државата Раџастан во Индија на која пееше за непознат хонорар. Бизнисменот Мукеш Амбани ја мажеше ќерка си Ишта Амбани (27) за Ананд Пирамал (33) исто така, син на милионер од Мумбај.
Богатите и влијателни гости од САД и Индија, слетале во Удаипур, во Раџастан, со 100 чартер летови, а меѓу гостите од забавниот, бизнис и политичкиот живот, присуствувала и поранешната државна секретарка на САД, Хилари Клинтон.
Бијонсе не штедела на раскошната гардероба и била облечена во стилот на Индија.