Формирано Здружение на граѓани корисници на лифтови


Здружението на граѓани корисници на лифтови и друштва во Република Македонија е основано во јануари 2018 година со цел зголемување на свеста за значењето на користењето на лифтовите, како и зголемување на безбедноста на граѓаните при нивно користење.

Според Здружението, за овој аспект воопшто не е посветено внимание, а е особено важен за безбедноста и здравјето на граѓаните.

Здружението информира дека ќе соработува со органи, тела и институции на национално и на меѓународно ниво со цел обезбедување финансиска помош и поддршка за замена или поправка на дотраените лифтови и зголемување на квалитетот на новите лифтови кои се произведуваат и вградуваат, а со помош на барање донации и изработување проекти.

Здружението располага и со веб страница www.zdruzenieliftovi.mk на која сите граѓани можат да се запознаат со работата и остварувањето на поставените цели на Здружението.