Форбс: Кендал Џенер е најплатена манекенка во 2018
САД- Манекенката Кендал Џенер (23) како и лани, е најплатена манекенка за 2018 година, според магазинот „Форбс“. Таа годинава заработила 22.5 милиони долари, речиси двојно повеќе од нејзината колешка Карли Клос, која со заработка од 13 милиони долари го заземала второто место.
На Кендал заработката ѝ ја осигурале брендовите како „Есте Лаудер“ , „Aдидас“, „Лонгшамп“ и „Келвин Клајн“.
Третото место на листата за оваа година, го делат Криси Тајген и Рози Хантингтон-Вајтли, секоја со заработка од 11.5 милиони долари.
Четвртото место исто така го делат две манекенки, Гизела Бундшен ( која беше прва на листата 15 години) и Кара Делавињ, двете со заработка од 10 милиони долари.
Нив ги следат Џиџи Хадид и Џоан Смолс, кои заработиле по 8.5 милиони долари, а под нив е Дуцен Круз, со годишна заработка од 8 милиони долари.