Фетел најбрз на Интерлагос


Германецот Себастијан Фетел е победник на трката што се возеше вечерва на патеката Интерлагос за Големата награда на Бразил.

Возачот на Ферари трката ја заврши со време 1:31.262 часа, односно 2,762 секунди подобро време од Валтери Ботас (Мерцедес) кој пред почетокот ја имаше пол-позицијата.

На третото место се пласира Кими Раиконен (Ферари) кој зад победникот доцнеше 4,6 секунди.

Новиот шампион Луис Хамилтон, иако стартуваше од гаражата по проблемите во квалификациите, на крајот стигна до четвртата позиција со заостанување од 5,468 секунди.

Бодови освоија и: Верстапен, Рикиардо, Маса, Алонсо, Перез и Хулкенберг.

Од поодамна Хамилтон го обезбеди првото место во Генералниот пласман, а Мерцедес е најдобар во конкуренција на конструкторите.

Шампионатот во Формула 1 ќе заврши на 26 ноември со трката за Големата награда на Абу Даби.