Трет дует на Бијонсе и Ед Ширан
САД – Бијонсе знае како да глуми недостапна… за соработка. Додека повеќето повремено си ги менуваат лозинките, 36-годишната пеачка презема дополнителни безбедносни мерки и ја менува имејл адресата секоја недела, откри соработката со Ед Ширан за “Perfect”.
„Имам имејл адреса на која праќам порака (за да стапам во контакт со Бијонсе), коа всушност се менува секоја седмица,“ изјави Ширан за Ентертејнмент Тунајт додека разговараше за новиот сингл на дуото. „Таа е одлична во…“
Ширан, 26, исто така откри дека на дуетот се работело уште од мај. Според пејачот, Бијонсе била вистински професионалец и ја снимиле песната уште во првиот обид. Пејачката дури и направила неколку телефонски повици кога се работело на инструменталната верзија.
Дуетот“Perfect” ја одбележи третата соработка меѓу Ширан и Бијонсе, по двата претходни настапи на парот: на Глобал Ситизен наградите во 2015 и порано истата година, во февруари, на трибјутот за Стиви Вондер на Songs in the Key of Life.