Трамп: Хилари Клинтон беше во дослух со Русите
Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја обвини својата ривалка на изборите во 2016 година, тогашната кандидатка на демократите Хилари Клинтон дека била во дослух со руските власти.
– Единствен дослух со Русите имаша расипаната Хилари Клинтон и Демократскиот национален институт, напиша Трамп на Твитер.
Американските разузнавачки служби ја обвинуваат Русија за наводно мешање во предизборната кампања во 2016 година.
Трамп минатата година, зборувајќи за наводното мешање на Русија во претседателските избори во САД, наведе дека „мора да ја прашаат Хилари Клинтон за Русија“.